Израел обвинува, армијата тврди дека пресретнала ракета

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека палестински милитанти во Појасот Газа го прекршиле започнатиот прекин на огнот по само 15 минути. Тие за Њузвик изјавиле дека пресретнале една ракета истрелана кон јужен Израел.

Њузвик пишува и дека ракетни сирени се огласиле во евакуираните јужни израелски градови Кисуфим и Ајн Ха Шлоша рано утринава, веднаш по стапувањето во сила на четиридневниот прекин на огнот, време во кое треба да бидат разменети затвореници и да биде испорачана помош.

Слики од наводниот напад на Хамас објави каналот Вишеград24 на Икс.

 

 

– Имаше ракета и беше пресретната – рекол портпарол на ИДФ, истакнувајќи дека било пукано во 7:15 часот по локално време, 15 минути по „оперативната пауза“.

Сè уште не е јасно која група е одговорна и дали воопшто е лансирана ракета. Според ИДФ, групата Хамас сноси одговорност за какви било напади од Газа во јужен Израел, со оглед на тоа што има влијание врз другите локални милитантни групи.

Засега нема одговор од Хамас за овие наводи и тврдења.

Share This Article