Израел никогаш не сакал да се повлече Асад

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
ALEPPO, SYRIA - NOVEMBER 28: A view of damaged buildings and businesses following an attack by Russian warplanes on the towns of Daret Izzah and Atarib in western Aleppo province, northern Syria, which resulted in the deaths of 12 civilians and injuries to at least 30 others, on November 28, 2024. Izettin Kasim / Anadolu,Image: 940443964, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Турција не учествуваше во операцијата на вооружената опозиција во Сирија што доведе до пад на режимот на Башар ал Асад, изјави турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.

– Турција не беше дел од таков процес. По почетокот на операцијата од страна на Хајат Тахрир ал-Шам и на другите опозициски групи, вложивме интензивни напори таа да биде спроведена на најбескрвен начин и без проблеми. Пред ова не сме се обединиле со ниедна земја или група, ниту, пак, сме учествувале во планирање таква операција – рече Фидан.

Според него, немало средба меѓу него или други турски претставници со поранешниот сириски претседател Асад, со цел да се разговара за нормализација на односите меѓу Анкара и Дамаск, иако такви обиди неколкупати биле правени со посредство на трети земји.

Фидан истакна и дека Израел никогаш не сакал Асад да се повлече од функцијата.

– Генерално, Асад беше корисен играч за Израел – рече турскиот министер за надворешни работи.

Share This Article