Израел ќе се одмазди за големиот напад од Иран за неколку дена и би можел да нападне нафтени постројки во Иран или дури и нуклеарни локации

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израел ќе се одмазди за големиот напад од Иран за неколку дена и би можел да нападне нафтени постројки во Иран или дури и нуклеарни локации. Израелскиот одговор би можел да содржи атентати, но и воздушни напади, изјавија израелските власти за новинската веб-страница Аксиос.

Воениот кабинет на Израел не одлучи точно каква форма ќе биде одговорот, објави Аксиос, и сака прво да разговара за своите опции со Соединетите држави, пренесува Дејли Телеграф.

– Имаме голем знак прашалник за тоа како Иранците ќе одговорат на нападот, но ја земаме предвид можноста тие целосно да влезат во играта, што ќе биде сосема поинаква ситуација – изјави израелски претставник за Аксиос.

Нафтали Бенет, поранешен израелски премиер, напиша на социјалните мрежи дека Израел се соочува со „најголемата можност во изминатите 50 години“ да го промени лицето на регионот.

– Мораме да дејствуваме сега за да го уништиме неговиот нуклеарен проект, да ги уништиме нивните главни енергетски капацитети и суштински да го погодиме овој

Според него „пипалата на тој октопод се тешко повредени, сега е време да се нишани кон главата“.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, рече дека Техеран ги „предупредил американските сили да се повлечат од оваа работа и да не интервенираат“.

Тој додаде дека „немало размена на пораки“ со САД пред Иран да го започне својот масовен ракетен напад во вторникот вечерта, велејќи дека Техеран комуницирал со Вашингтон само по нападот.

Германскиот канцелар Олаф Шолц предупреди дека неодамнешниот масовен напад на Иран врз Израел ризикува „да го запали целиот регион“. Тој ги замоли Хезболах и Иран „веднаш да ги прекинат нападите врз Израел“, додавајќи дека Германија и нејзините сојузници ќе продолжат да работат на прекин на огнот.

- Advertisement -
Ad image

Во меѓувреме Либан одговори на започнатата копнена инвазија и ракетирање од Израел. Околу 100 ракети се лансирани од Либан кон северен Израел од утрово, според ИДФ. Во последниот неодамнешен бараж, околу 10 ракети беа истрелани кон областа Западна Галилеја и заливот Хаифа.

Израелските одбранбени сили ИДФ продолжуваат со своите операции во Јужен Либан. Тие им наредија на либанските цивили во дваесетина села на југот веднаш да се евакуираат.

Share This Article