Израелската армија денеска соопшти дека успешно пресретнала „сомнителна воздушна цел“ што преминала од Либан, додавајќи дека нејзината артилерија погодила неколку цели откако проиранското движење Хезболах презеде сериозни напади, пренесе ДПА.
– Идентификувани се голем број лансирања од Либан кон пунктови на ИДФ во пограничните области… Артилерија на ИДФ го погоди изворот на огнот и дополнителни цели во Либан – соопшти Армијата.
Хезболах, во меѓувреме, презеде одговорност за најмалку седум напади на израелски пунктови во горниот дел на Галилеја. Според нивните изјави, тие постигнале „директни удари“.
Либански безбедносен извор во јужен Либан рече дека израелската артилерија гранатирала група либански села длабоко во либанската територија.