Сириската новинска агенција Сана утринава објави дека Израел извршил напади врз станбена зграда во населбата Кафр Суса во Дамаск и врз воена локација во близина на Хомс на западот на земјата. Еден војник загина, а најмалку седум лица се ранети.
„Околу 3:40 часот (02:40 по средноевропско време) израелскиот непријател изврши воздушен напад од сирискиот окупиран Голан и од северниот дел на Либан, насочени кон две места во населбата Кафар Сусех во Дамаск и една воена локација во близина на Хомс. Новинската агенција Сана јави цитирајќи воен извор.
Во нападите е причинета материјална штета.
Провинцијата Хомс се приближува со Либан, каде Израел води војна против Хезболах, движење кое, како Сирија, е поддржано од Иран.
Агенцијата Сана не објави дали има жртви во нападот во Дамаск.
Сириската невладина Опсерваторија за човекови права извести дека има „човечки жртви“.
Откако изби граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Израел изврши стотици воздушни напади насочени кон сириската армија и групите поддржани од Техеран, особено Хезболах, кој беше распореден во Сирија за поддршка на владините сили.
Израелските власти ретко ги коментираат овие напади, но рекоа дека нема да дозволат нивниот непријател Иран да го прошири своето присуство во Сирија.
Откако либанскиот Хезболах влезе во отворен конфликт со Израел на крајот на септември, бројот на напади е зголемен, пишува Франс прес.