Израел имал доволно разузнавачки информации да го спречи масакарот на фестивалот „Нова“ кој беше дел од нападите на Хамас на 7 октомври со кои започна војната во Газа. Медиумот Харец пишува дека службите имале доволно време и сознанија да ги евакуираат луѓето од журката која се одржа блиску до северната граница на Газа со Израел.
Статијата вели дека Израелските одбранбени сили ноќта пред фестивалот добиле предупредување дека Хамас ќе се обиде да изврши напад врз Израел. Не било изреагиранониту ИДФ ги предупредила младите луѓе кои се забавувале на фестивалот. „Дополнително, се покажа дека воените единици кои биле на готовност во областа на почетокот на нападот на Хамас не биле свесни за музичкиот настан“, пишува Харец.
Во првите часови од масакрот, организаторите на ИДФ повикале офицер со кој биле во контакт и им било кажано дека израелските сили се во хаос и дека ќе мора да се снаоѓаат сами. Резултатот беше дека терористите убија околу 360 посетители на фестивалот, а уште најмалку 40 беа однесени во Појасот Газа.
Уште во три часот било пријавено лице кое ја поминало границата
Од фестивалот рекле дека доколку биле известени од армијата за нападот барем еден час претходно, ќе можеле навреме да ги евакуираат посетителите. А службите имале доволно информации за ова од неколку неименувани извори. Се одржуваат два телефонски разговори во ноќта.
На командантот на базата Палмачим, бригадниот генерал Омри Дор, му е наредено да го зголеми надзорот над Газа со беспилотни летала. Повикувањето на екипаж со беспилотно летало за време на викендот е исклучителен чин, резервиран за конкретни предупредувања и грижи од неизбежен безбедносен инцидент.
Во текот на ноќта, Шин Бет оценил дека одлуката за вежбање „не држи“ и испратил екипа од „Тим текила“, оперативна единица задолжена да спречи киднапирања во случај на упад во Израел, во областа Нахал Оз.
Во исто време, ИДФ одлучил да стави две единици од командосите во готовност. Во случај на упад, тие требало да служат како тимови за привремена интервенција додека не пристигнат специјалните сили.
Во три часот наутро, набљудувач на ИДФ на пунктот Кисуфим пријавил сомнително лице преку границата, кое се приближувало до оградата и покажувало кон Израел. Силите на бригадата Голани пристигнале на местото на настанот, испукале неколку гранати солзавец, но потоа заминале.
Војниците на готовс во ситните часови
Во четири часот по полноќ, по загриженоста на дел од безбедносните органи, неколку тимови на специјалната единица за борба против тероризмот во базата Латрун беа известени да бидат на готовност до зори.
Околу пет часот наутро набљудувачите ги мобилизирале силите на бригадата Голани, кои биле во близина на пунктот Нахал Оз, бидејќи некој ја допирал граничната ограда.
Војниците пристигнале на местото со џипови, но им било наредено да не се приближуваат до областа на оградата поради страв од противтенковски или ракетни истрели од Газа.
Никој од ИДФ не влезе на фестивалот, младите се забавуваа…
Во текот на целата таа ноќ, никој од ИДФ или Шин Бет не дојде меѓу посетителите на фестивалот за да ја извести безбедносната служба за предупредувањата. Фестивалот доби воено одобрение бидејќи се одржуваше во областа западно од патот 232, под одговорност на дивизијата Газа и Северната бригада.
Меѓутоа, во 6:30 чуварите констатирале дека на оградата не се стационирани потребните сили. Еден од командантите на готовност во областа дури и тврдеше за Хаарец дека никој не ги информирал силите на готовност дека фестивалот воопшто се одржува.
Набргу откако терористите на Хамас ја пробиле граничната ограда, стигнале до областа на фестивалот и масакрирале стотици цивили. Некои полицајци и чувари кои биле таму се обиделе да се борат, но не можеле долго да издржат против стотиците вооружени терористи кои влегле во областа.
Првите сили на ИДФ пристигнале дури во 15 часот!
Во седум часот наутро, организаторите на фестивалот го направиле својот прв обид да стапат во контакт со ИДФ: еден од нив го повикал потполковник Елад Зандани, шеф на главната команда на дивизијата Газа и човек задолжен за процесот на одобрување на фестивалот и му кажал дека терористите пукаат кон посетителите.
Зандани одговорил дека не може да помогне затоа што неговите војници паднале во колапс и им предложил да се снаоѓаат сами. Првите сили на ИДФ пристигнале на местото на фестивалот дури во 15 часот.
– Армијата разбира дека фестивалот во Рем ќе биде во центарот на истражните комисии кои ќе бидат формирани на крајот на војната – изјави извор од ИДФ оваа недела, додавајќи:
– Овој масакр требаше да се спречи.