Меѓународната кампања за забрана на нуклеарно оружје (ICAN) проценува дека Израел има најмалку 90 нуклеарни боеви глави во својот арсенал и дека ги зголемува своите нуклеарни трошоци. Во извештајот што ги испитува трошоците за нуклеарен развој, ICAN откри дека Израел ги зголемил своите нуклеарни трошоци за 2,4%, што е еквивалентно на 1,1 милијарди долари годишно.
Алиша Сандерс-Закре, координатор за политика и истражување во ICAN, во изјава за Al Mayadeen, ја истакна двосмисленоста на Израел во однос на неговиот нуклеарен арсенал.
Според Сандерс-Закре, меѓу меѓународните нуклеарни експерти е познато дека Израел поседува нуклеарно оружје, дека има 90 нуклеарни боеви глави, но дека конечната бројка останува нејасна поради недостаток на транспарентност. Сандерс-Закре, исто така, изрази загриженост за неодамнешните закани на Израел за употреба на нуклеарно оружје во Газа.
– Имаше исклучително вознемирувачки закани кои се сè поконкретни во однос на претходните години од израелски експерти, официјални лица или поранешни функционери, поради што е важно да се осуди употребата на нуклеарно оружје и да се поттикне придржувањето кон Договор за ограничување на нуклеарното оружје – истакна Сандерс-Закре.
Според последните официјални податоци, Русија е водечка нуклеарна сила која поседува 5.977 нуклеарни боеви глави, САД имаат 5.428, Кина 350, Франција 290, Велика Британија 225. Нуклеарно наоружување имаат и Пакистан 165, Индија 160, Израел 90 и Северна Кореја 20 нуклеарни боеви глави.