Домашниот бруто производ (БДП) на ЕУ порасна за 0,3% во вториот квартал, покажуваат официјалните податоци што денеска ги објави Евростат.
Според овие податоци, ист раст од 0,3% има и еврозоната.
На годишна основа, економијата на еврозоната во вториот квартал од 2024 година порасна за 0,6% во однос на истиот квартал лани, а економијата на Европската унија за 0,7%.
Економијата на Германија, која е и водечка во ЕУ, забележа пад од о,1%.
Во Европа е тешко бидејќи потрошувачите никогаш не штеделе повеќе од сега, додека владите исто така ги ограничуваат трошоците за да ги намалат буџетските дефицити.