More

    Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Пожаране, 19 литри на квадратен метар, а најмалку, три литри на единица површина, во Демир Капија

    spot_img

    Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Пожаране, 19 литри на квадратен метар, а најмалку, три литри на единица површина, во Демир Капија.

    Како што информира УХМР, до 8 часот утрово се измерени 11 литри на метар квадратен во Дебар, 9 во Охрид и Крушево, 7 во Крива Паланка и Куманово, 6 во Претор и Прилеп, 5 во Дојран и Струмица, како и 4 во Битола, Штип и Скопје-Петровец.

    Температурата до 8.30 часот била 8 степени целзиусови во Маврови Анови, 9 Крушево, 10 Пожаране, 11 Прилеп, Крива Паланка, Охрид, 12 Струмица, Дојран Дебар, Битола, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Тетово и 13 во Штип.

    Според УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.

    Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img