More

    Измени во Правилникот за урбанистичко планирање

    spot_img

    Министерството за транспорт и врски направи измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во насока на овозможување реализација на фотонапонски електроцентрали во планови со исклучиво уредена намена од групата класи на намени „Г“.

    „Со оваа измена ги доуредуваме постапките за поставување фотоволтаични електроцентрали заради искористување на сончевата енергија како најевтин енергетски ресурс и како еколошки најисправен начин на производство на енергија. Исто така водејќи се од широката јавна расправа и вклучување на стручната јавност, граѓанскиот сектор и сите други заинтересирани страни, Министерството за транспорт и врски направи усогласување на членовите 117 и 122 во Правилникот за урбанистичко планирање во кој се брише терминот ‘стекнати права за градење’. Со измените уредуваме дека при изработка на нов урбанистички план планските одредби се усогласуваат со одредбите од правилникот и со планот од повисоко ниво“, се наведува во соопштението од Транспорт.

    Со измените на Правилникот се уредува начин доколку се утврди дека максималната висина и другите параметри што ја уредуваат големината и функционалниот капацитет на градбите утврдени во важечкиот урбанистички план, ги надминуваат просторните можности за развој на конкретното или на друг начин се нарушува јавниот интерес, тогаш тие можат да се изменат со нов урбанистички план.

    Постојат 5 групи на класи на намена. Во групата „Г – производство, дистрибуција и сервиси“ спаѓаат: Г1 тешка и загадувачка индустрија, Г2 лесна и незагадувачка индустрија, Г3 сервиси, Г4 стоваришта и Г5 инфраструктура.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img