Во последните денови се забележани фалсификувани дневни паркинг карти кои циркулираат низ градот. Овие лажни карти се изработени со цел да ве измамат и да ви одземат пари, информираат од Општина Центар.
– На лажната Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар. На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства – велат од Општина Центар.
Оттаму порачуваат граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ваква дневна карта од овој тип веднаш да се јават во ПОЦ.
Од Општина Центар велат дека единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk.
„Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните“, велат од општината.