ИЗЛОЖБАТА „КУЛТУРНО НАСЕДСТВО ВО ОХРИДСКОТ РЕГИОН“ ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА ЗА РАГЛЕДУВАЊЕ ДО КРАЈОТ НА ЈАНУАРИ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Како дел од проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“,

Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД“ на 22-ри декември 2023 година, во музејот „Куќа на Робевци“ ја отвори изложбата „Културното наследство во охридскиот регион“, која ќе биде достапна за рагледување до крајот на јануари 2024 година.

Изложбата има за цел да ја запознае јавноста со значењето на културното

наследство во Охридскиот регион и да го зголеми степенот на промоција на истото.

Во текот на следните месеци, во рамки на проектот предвидено е одржување на едукативни работилници за ученици и студенти, како и изработка на дигитална брошура за локалитетот Самоилова Тврдина и QR код кој ќе се постави на информативната табла пред самиот локалитет.

Проекот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид”

се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Охрид.

Share This Article