Изложба на украинската амбасада во Музејот на македонската борба

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По повод 8 мај, Денот на сеќавање и помирување, денеска во Музејот на македонската борба беше отворена изложба на фотографии насловена „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“ во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година.

Изложбата, која е реализирана од страна на Украинската амбасада, Украинците и Музејот на македонската борба, тематски е составена од три композиции „Деца на војната“, „Непростливи злосорства на 2022 година“ и „Две војни, исти злосторства“.

На свечениот настан за отворање на изложбата, се обрати украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук која нагласи дека Украинците се херојски и храбар народ.

– Во време на неволја ние сме обединети, ние сме една целина. Ние имаме прекрасна, моќна армија. Ние сме на наша земја и никому нема да ја дадеме. И заедно, со нашите сојузници, како што беше за време на Втората светска војна, со земјите од антихитлеровата коалиција, а сега со земјите од антипутинската коалицијата, ќе победиме и сега, затоа што вистината и правдата се на наша страна – потенцира Задорожњук.

8 Мај, како што истакна таа, во Украина и во светот е ден на сеќавање и помирување, односно спомен за загинатите во Втората светска војна, во која загинаа од 8 до 10 милиони Украинци.

– За да ги надомести овие демографски загуби на Украина и беа потребни околу 25 години. Историјата на украинската Втора светска војна е исто така историја на окупација. Ние Украинците се сеќаваме каква страшна трагедија беше за нас Втората светска војна. За разлика од Русите, за нас 8-9 мај не е триумф, не е празник, туку спомен, оддавање почит на жртвите од војната, потсетување на страшните злосторства. За нас ова не е култ на победата, туку ценење на мирот и животот – рече амбасадорката Задорожњук.

Војната на Русија против Украина, додаде таа, е страшна војна, без почитување на законите за војна од страна на руските окупатори.

– Тие војуваат не толку против војниците колку против цивилното население, вршат воени злосторства, насилни убиства на цивили, силување на жени и деца. Ова се се одвива во Европа во 21 век – посочи Задорожњук.

На настанот се обрати и директорката на Музејот Даниела Николова, која појасни дека изложбата е претставена на 22 паноа и оти преку фотографии е прикажан процесот на зачувување на сеќавањето и помнење на настаните кои оставаат лузна и на идните генерации.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ Олександр Урбанович кој се обрати пред присутните, истакна дека војната во Украина е војна за уништување на украинската нација.

– Се трудиме да допреме до светската заедница за повеќето луѓе конечно да разберат дека оваа војна не е војна само за територија, туку за уништување на украинската нација, рече Урбанович.

На отворањето на изложбата, меѓу присутните беа и министерката за одбрана Славјанка Петровска, американската, британската, германската и шведската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, Рејчел Галовеј, Анке Холштајн и Кристин Форшгрен Бенгтсон, како и евроамбасадорот Дејвид Гир.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article