Трејлерот за филмот „Стриктли конфиденшал“ ја прикажува 58-годишната актерка Елизабет Харли како се забавува со друга жена во сцени снимени и режирани од нејзиниот син, Демиен Херли, кому ова му е режисерско деби.
Ликот на Лили, кој го игра Елизабет, ја заведува Наташа која ја игра младата актерка Пеар Чиравара. Во интервју за „Пипл“, син ѝ Демиен откри дека мајка му пред неколку години ветила дека ќе игра во неговиот прв филм, а кога конечно добила зелено светло, отфрлила сѐ за да го оствари ветувањето.
– Ми беше задоволство да доаѓам на работа и секој ден да работам со мајка ми. Имавме само 18 дена да го снимиме целиот филм, па нашата телепатија беше непроценлива. Работењето со толку посветена и талентирана актерска екипа беше инспиративно. Јас сум им вечно благодарен за довербата и вербата во мене на сите што учествуваа – рече Демиен и ја пофали мајка си.