More

    Излезе официјалниот трејлер од новиот филм, обожавателите воодушевени

    spot_img

    Излезе првиот официјален трејлер за историскиот филм „Jeanne du Barry“, во кој Џони Деп го толкува контроверзниот француски крал Луј Петнаесетти.

    Филмот е снимен во Франција, поточно во Версајската палата и околината на Париз. Го режира францускиот режисер Мајвен Ле Беско.

    Ова беше првиот филм на Деп откако го доби судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд, а фановите веќе напишаа на социјалните мрежи дека „едвај чекаат да го видат славниот актер во оваа улога“.

    По објавувањето на трејлерот, многумина не го кријат својот ентузијазам за филмот, како и за улогата на Деп. На Твитер се појавија многу реакции.

    „Ова е големо враќање на Деп и исто така голем момент за неговата кариера“, „Ликот на Деп во овој филм е само доказ за неговите исклучителни актерски способности. Лик кој е истовремено моќен и ранлив, со маани и доблести… Ова е добар потсетник за неверојатниот талент на Џони Деп“, „Визуелно зачудувачка историска драма со одлична музика“, напишаа луѓето на социјалната мрежа.

    „Морам да признаам дека Џони Деп изгледа брутално во овој филм“, „2023 ќе биде голема година за Џони Деп“, „Овој филм ќе ме натера да зажалам што не обрнав повеќе внимание на историјата на училиште“, се дел од коментарите на Твитер. Многумина пишуваат дека „едвај чекаат да го видат филмот“.

    Инаку, Џони Деп ја одигра својата последна улога во филмот „Минамата“ од 2020 година, кој самиот го продуцираше.

    Филмот „Jeanne du Barry“ ќе го отвори Канскиот филмски фестивал во мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img