More

    ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „СЛАВЕ ЃОРЃО ДИМОСКИ ВО КНИЖЕВНАТА КРИТИКА“

    spot_img

    Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика “ од авторот Димитар Пандев.

    Во книгата на 370 страници се поместени осврти, текстови и други објави од книжевната критика за поезијата, книгите и творештвото на овој истакнат охридски и македонски поет, кои се напишани од страна на врвни писателски имиња од Македонија од странство.

    „Славе Ѓорго Димоски продолжува да твори. Овој преглед е само мал заглед во она што критиката љубопитно го кажала за него , зошто не е тој обичен, секојдневен поет. Има нешто митско во него самоиот и во неговата поезија. Имам нешто трајно во неговото „продолжува“ што продолжува да изненадува со нови стихови и стихозбирки, пишува во предговорот на книгата, авторот Димитар Пандев.

    Славе Ѓорго Димоски е роден на 18-ти март 1959 година во Велестово. Член е на македонскиот ПЕН центар. Автор е на четиринаесет книги поезија, пет книги за деца, четири книги со есеи, а дваесет посебни изданија му се преведени на повеќе јазици. Одделени песни и поетски циклуси се преведени на триесет јазици.

    Промоцијата на изданието „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“ ќе се одржи на 24.03.2023 (петок) во големата сала на општина Охрид со почеток во 12 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img