Во село Мешеишта започна со доизградба на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.
Во оваа фаза ќе бидат изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а ќе бидат поставени и 16 ревизиони шахти.
Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024 година.
Работите ги изведува фирмата Маркоски К73 дооел Струга.