Продолжува теророт кој се врши врз вработените во затворот „Идризово“, откако два часа по полноќ бил запален автомобилот кој е во сопственост на чувар вработен во установата.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, возилото на чуварот било паркирано во неговиот двор во скопско Ново Село, а пожарот настанал во два часот по полноќ
– Љ. К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.
Минатата недела, специјалци влегоа во затворот и извршија претрес, поради зачестените подметнати пожари на возила на вработени во затворот. Ова е петто изгорено возило во последните шест месеци.
Меѓу последните случаи беше и запалениот службен автомобил на заменик-директорот на „Идризово“, Феми Јонузи.