Според моите информации поранешниот вицепремиер Артан Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија, рече вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити во интервју за албанската ТВ „Ора њуз“.
По Груби и по поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, МВР распиша меѓународни потерници за проневера на околу 8 милиони евра.
– Со самото бегство Груби ја докажува вината. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направил, но, мислам дека денеска, утре или задутре, сепак ќе се соочи со правдата – рече Меџити.
Тој додаде дека „должност на органите на прогонот е да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата“.
– Европскиот фронт ја пополнува американската црна листа – рече Меџити.