Внатрепартиските избори на ДУИ, кои се закажани за 2 јули, во некои партиски ограноци се наместени и се спроведуваат спротивно на статутот на партијата – изјави поранешниот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир Изет Меџити во интервју за весникот „Лајм“.
Меџити додаде дека победниците на овие избори однапред се познати и дека станува збор за група на луѓе лојални на Али Ахмети, но не изнесе поединечни имиња. Тој рече дека овие избори нема да бидат признаени од „фракцијата на ДУИ“, алудирајќи на „Огнената група“, на која тој е еден од предводниците.
Меџити вели дека не само во Чаир, туку и во сите други ограноци „господин Ахмети со декрет ги поставил луѓето, е сè друго е фарса, театар?“
– Се постува прашање, ако се работи за принципот „еден член-еден глас“, тогаш како е можно отсега, однапред да се знае кои ќе бидат идните преседатели на ограноците? Уште сега се знае кои ќе бидат претседатели на ограноците, како што е случајот со ограноците во Полошко, каде што овој принцип создаде поделби, особено во Тетово, каде ДУИ тешко загуби – вели Меџити.
Според него, изборите во ДУИ се само фарса за да се создаде привид дека во партијата има внатрешна демократија.
– Нашата оценка е дека доколку и ние влеземе во овој недемократски процес, ќе создадеме конфузија и на тој начин пред членството ќе го легитимираме овој нестатутарен и недемократски процес. Затоа решивме да не учествуваме и токму затоа велам дека нема до го признаеме тој нестатутарен процес – вели Изет Меџити во интервјуто за весникот „Лајм“.