Изет Меџити-Денеска слушнав дека и Ковачевски се занимава со митингот во Чаир, значи цела Влада

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Изет Меџити, кој ја претставува таканаречената „Огнена група“ на ДУИ, денеска изјави дека тој како претседател на чаирскиот огранок на партијата не е поканет на вечерашниот митинг во салата „Шабан Трстена“ што го организира партијата.

Меџити, кој заедно со градоначалниците на Чаир и на Град Скопје, Висар Ганиу и Данела Арсовска, присуствуваше на официјалното започнување на изградбата на Мега паркот, рече дека вечерашниот митинг на ДУИ му наликува повеќе на концерт, имајќи предвид, како што рече дека „се носат звучни имиња од естрадата“.

– Ќе носат луѓе од Струга, Куманово, Липково. Прават многу притисоци со списоци во администрацијата, со закани дека ќе им сменат работни места. Жално е да се види дека ДУИ сето ова месец дена го подготвува за да направи реприза на тоа што ние го направивме со граѓаните во Чаир. Мислам дека ова ќе биде порака до Ахмети, добро ќе беше да ги оставеше сами Артан и Бујар да видат која им е тежината во Чаир, во нивната општина. Но ова е ситуацијата. Денеска слушнав дека и Ковачевски се занимава со митингот во Чаир, значи цела Влада – изјави Меџити.

Прашан дали ќе соработува со новоназначениот партиски координатор на Чаир, Бујар Османи, Меџити категорично одговори дека нема да соработува.

– Прво, човекот со што прво да се занимава – дали со ОБСЕ, дали со билатералните односи со Бугарија, со надворешни работи, портпарол на партијата, доктор, значи човекот е изгубен, не знае каде попрво, и ова последново координатор со митинзи. Мислам дека државата има други приоритети – рече Меџити.

Како коментар на последните анкети во кои тој предничи пред Артан Груби, Меџити рече дека очекува и други партиски членови и симпатизери кои сега се плашат, да се приклучат на „Огнената група“, бидејќи, како што наведе, тие го слушаат гласот на народот и на гласачите.

Share This Article