Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра уште една импресивна партија во дресот на Далас маверикс. Дончиќ блесна на теренот на својот 25 роденден! Во победата на Далас против Торонто (136:125), Дончиќ го забележа својот 11-ти трипл-дабл сезонава. Натпреварот го заврши со 30 поени, 16 асистенции и 11 скока.
Така, Лука Дончиќ стана првиот играч во НБА кој постигна трипл-дабл со 30+ поени на својот роденден.
Тоа беше неговиот 39-ти трипл-дабл со 30 или повеќе поени со што го потисна легендарниот Леброн Џејмс на третото место на вечната листа во НБА. Пред Дончиќ останаа Оскар Робертсон со 106 и Расел Вестбрук со 48 трипл-дабл остварувања со +30 поени.
-Да, среќен сум, ама сега одам да се одморам – со насмевка рече Лука Дончиќ по роденденскиот настап.