Помошник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сомничи дека на западни разузнавачи им оддал документи со кои сакал да изврши притисок врз Нетанјаху за прекин на огнот, со што би биле ослободени израелските заложници кои ги држи милитатната група Хамас.
Елиезер Фелдштајн беше уапсен од израелската полиција. Тој е меѓу неколкуте луѓе кои се испрашувани поради протекување на „класифицирани и чувствителни разузнавачки информации“, според судските документи, јави Си-Ен-Ен.
Опозицијата во Израел тврди дека документите биле фалсификувани.
Истрагата се фокусира на наводите дека кабинетот на премиерот го промовирал пред странските медиуми тврдењето дека Хамас планирал шверц на заложници од Газа преку египетската граница и создавање поделби во израелското општество за да изврши притисок врз Нетанјаху за ослободување заложници и договор за прекин на огнот.
Портпаролот на Нетанјаху негираше дека има протекување информации од Кабинетот на премиерот и дека „наведената личност никогаш не учествувала во дискусии поврзани со безбедноста“, очигледно мислејќи на Фелдштајн.
Кабинетот ги нарече смешни тврдењата дека протекувањето на документите може да влијае на ослободување на преговорите и ослободувањето на заложниците.