More

    Избрзано е преземена обврска комбинатот да се затвори до 2030 година, реагира Левица

    spot_img

    Донесувањето на Инвестицискиот план за забрзана транзиција од јаглен, со кој владата се обврзува да го затвори РЕК Битола до 2030 година доведува во неизвесна ситуација околу 5.000 вработени во РЕК Битола, реагира Левица.

    Ваквата избрзана мерка, без никаква стратегија, сигурно ќе ја доведе Републиката во подредена положба и целосно зависна од увоз на енергија. Доколку криминогената власт се консултираше со експерти, истата ќе беше свесна дека капацитетите на РЕК Битола за снабдување со електрична енергија во овие услови се незаменливи. Директна причина за тоа е немањето никакви инвестиции изминатите 30 години во домашни капитални проекти, кои имаат капацитет да го заменат работењето на РЕК Битола.

    Еден од таквите проекти, кои имаат потенцијал во иднина да го олеснат работењето на оваа термоелектрана е токму проектот Чебрен-Галиште, кој ниту една власт досега немаше капацитет да го спроведе, иако истиот е стратешки проект за енергетската стабилност и одржливост на државата! Налудничаво е државата да се обврзува на затворање на термоелектраните, без никаква научна стратегија и модел за целосно искористување на хидропотенцијалот.

    Левица целосно се залага за постепена транзиција кон еколошки извори на енергија и затоа, како политичка партија, бевме најгласни против скандалозната одлука за оттуѓување на Чебрен. Дополнително, јавно прашуваме кога Владата се обврзала на оваа погубна одлука, дали во предвид ја имала судбината на 5.000 вработени токму во РЕК Битола? Вакви крупни одлуки мора да бидат донесени со комплетна и детална стратегија за пренасочување на работниците кои ќе ги изгубат своите работни места“ – се вели во реакцијата на Левица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img