Избраниците на Лазаров веќе се подготовуваат за дуелите со Германија и Швајцарија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ден по натпреварот против Франција со кој беше отворено 16 Европско првенство, македонските ракометари од вечерва се стационирани во новата база во Берлин пред двата претстојни натпревари во рамки на групата А.

Македонските ракометари вчера загубија од Франција со 29-39, а попладнево со воз пристигнаа од Дизелдорф во Берлин каде ќе ги продолжат настапите на завршниот турнир чиј домаќин е Германија.

Следен противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде домаќинот, в недела со почеток во 20:30 часот во „Мерцедес – Бенц Арена“ во Берлин, а во истата сала, на 16 јануари, ќе играат против Швајцарија во завршното коло во групата А.

Германија вчера пред рекорден број од 53.586 гледачи во Дизелдорф ја совлада Швајцарија со 27-14.

Пласман во следната фаза од Групата А ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.

Share This Article