Билјана Јаневска, поранешна мис и модел, прва придружничка на Мис Модел Туризам во светот на избор во Јамајка, вчера едноглсно беше избрана за генерална секретарка на ЛДП за Општина Карпош.
– Ветувам дека во следниот период овој мандат ќе го оправдам со уште повеќе работа и ќе бидам достапна за сите членови на општинската. За мене оваа можност претставува голем предизвик за уште поактивно учество на ЛДП Карпош во сите општествени случувања. Обединето, храбро и гласно до нови победи. Со срце за Карпош – рече Јаневска на изборното собрание на кое присуствуваше раководството на партијата.
Освен што се бави со манекенство, Јаневска е дипломиран инженер по менаџмент за еколошки ресурси и магистер по управување со отпад, а работеше како советник и референт во Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“.