More

    Изборите го забавија конечниот список на производи што ќе поевтинат

    spot_img

    Граѓаните ќе треба да ја почекаат новата влада за да дознаат кои производи во маркетите ќе ги купуваат по пониска цена како резултат на пониската маржа која ја определува законот за нефер практики. Сè уште не е готов конечниот список на земјоделски и прехранбени производи, врз основа на кој ќе се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, иако беше најавено дека до крајот на март ќе биде официјално објавен.

    Бизнис заедниците кои имаа рок од 10 дена да се изјаснат за списокот, сè уште не го дале последниот збор за предлог списокот кој го објави Министерството за економија на 15 март, а Организацијата на потрошувачи е со став дека на списокот треба да останат колку што е можно повеќе артикли за да се почувствува намалувањето на цените на производите.

    Од Стопанската комора на предизборната средба со економскиот тим на СДСМ изјавија дека сметаат дека маржата треба да се ограничи само на прехранбените производи кои се со ДДВ од 5%. Ако се прифати предлогот од оваа Комора, од списокот треба да се тргнат цигарите, алкохолните производи, но и други продукти кои се со ДДВ повисоко од 5%  и се сметаат за луксуз.

    Од Министерството за економија протврдија дека добиле мислење од од Стопанска Комора и Сојуз на Стопански Комори.

    – Стопанска комора како што најавија во медиуми барат само производите со 5% ДДВ да се во опфат на Листата, додека Сојуз на Стопански комори предлага производите со 5 и 10% ДДВ да се во опфат на Листата. Од вкупно 2636 производи предложени во Листата, околу 1070 производи се до 10% ДДВ –велат од Министерството.

    Оттаму додаваат дека веруваат оти трговците го дале мислењето во рамки на коморите бидејќи до нив досега не стигнало мислење од страна на трговците.

    Од Министерството за економија  уверуваат и дека во рамки на рокот предвиден во Законот, три месеци од неговото донесување. Конечниот список ќе се објави до крај на мај 2024 година.

    Дел од здруженијата, пак, се согласни преку законот за нефер практики да се регулира прашањето кој колку ќе заработи од одделен производ, но сепак немаат конечен став за предложениот список на производи.

    – Како коморско здружение сè уште не сме се изјасниле за списокот на производи, но сметам дека треба да се состои од главните основни прехранбени производи како што беше практика во претходниот политички систем, во социјализмот. Добро е што се донесе Законот за нефер трговски практики, бидејќи го регулира прашањето на маржите кои ги пресметуваат производителите и оние кои ги пресметуваат трговците во крајната цена на производот. Ако ние како мелници на пример пресметуваме 3% до 4% приход на брашното како наш производ тогаш не е логично тој производ да се продава по 10 или повеќе проценти поскапо. А тоа се случуваше со процентите кои од нас се бараа за изложување на рафт, за повисоки плати, за реклама… Тоа сега ќе се регулира – вели претседателот на Здружението на мелничко-пекарска индустрија Горан Малишиќ.

    Според него, 6 месеци е доволен период за усогласување со законот, но во прашање е донесувањето на подзаконските акти, посебно оние кои треба да ги има антимонополската комисија на која сега и се даваат нови ингеренции.

    – Во тој дел е нејасно како ќе функционира контролата на приемната на законот и укажувањето за нефер практиките. Граѓанинот може да даде само претставка ако се сомнева на некаква нефер практика, инспекциите исто така, па не се знае како ќе функционира тој систем додека не се донесат подзаконските акти кои треба да бидат готови пред да почне да се применува законот. Сега сме во период на избори во кој институциите речиси и да не функционираат, па може да се очекува примената на законот да почне и без некои акти – вели тој.

    Земјоделците, пак, се убедени дека ефектите од намалувањето на цените со ова законско решение ќе ги почувствуваат токму тие, бидејќи нивните цени ќе претрпат најголемо намалување.

    Организацијата на потрошувачи гледа позитивно на фактот што во предлог списокот се содржани 2.500 производи и се залага што поголем број производи да останат на официјалниот список за да има ефект намалувањето на цените на поголем број производи, но има задршка во тоа кој ќе има ингеренции да ја контролира примената.

    – Го разгледавме списокот иако не ни беше доставен за да дадеме официјално мислење. Наш став е обемот на производи кои ќе бидат опфатени со ограничена маржа да биде колку што е можно поголем што е во прилог на потрошувачите. Спротивно на ова нема да има ефект врз цените, односно нема да се почувствува намалувањето на цените – вели претседателката на Организацијата на потрошувачи Марија Лончар Велковска.

    Таа смета дека е оставен голем рок за усогласување со законот за нефер трговски практики и дека е важен сегментот на контрола на примената.

    Граѓаните не се убедени дека ќе можат да очекуваат некакво намалување на цените на основните производи, бидејќи како што велат, трговците и производителите ќе се договараат како да го изиграат законот.

    – Кај нас сѐ е можно. Велат тоа е закон за нефер практики, но мислам дека тоа повеќе ги допира трговците и компаниите кои ги произведуваат овие производи, а тие братски ќе си го поделат профитот, а ние граѓаните ќе сонуваме пониски цени на производите. Списокот е добар, го видов, но колку од тоа ќе остане, а за колку од производите ќе се вели дека не влегуваат во тој список ќе видиме – вели Дејан од Скопје.

    Законот за забрана на нефер трговски практики беше едногласно донесен од пратениците на почетокот на март.

    Првите ефекти од ова законско решение ќе се почувствуваат дури наесен, бидејќи ќе следи период од 6 месеци на усогласување на договорите меѓу производителите и трговците, но и усогласување на актите на Комисијата за заштита на конкуренција со законите.

    Според очекувањата на владините претставници, со примената на законот ќе се намалат голем број од цените на прехранбените производи.

    Земјоделците, пак, се убедени дека ефектите од намалувањето на цените со ова законско решение ќе ги почувствуваат токму тие, бидејќи нивните цени ќе претрпат најголемо намалување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img