Во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров” во Скопје синоќа околу 11 часот била пронајдена Л.Х.(29) од Скопје, повредена со остар предмет, по што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.
Според пријавеното, три лица ја нападнале, а едно од нив ја повредило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.