More

    Избирачките места во Москва се затворени, а изборите продолжуваат во Калининградската област, но прелиминираниот резултат на Владимир Путин е рекорд во историјата на модерна Русија

    spot_img

    Избирачките места во Москва се затворени, а изборите продолжуваат во Калининградската област, но прелиминираниот резултат на Владимир Путин е рекорд во историјата на модерна Русија. Според првите анкети тој  освои 87,97 отсто од гласовите. Во 2018 година, тој освои 76,69%, а во 2012 година – 63,6%. Дмитриј Медведев победи во 2008 година со добиени 70,28% од гласовите. Во 2004 и 2000 година Путин победи со 71,31% и 52,9%. Во 1996 година, пак, Борис Елцин победи во вториот круг со освоени 53,82% од глаовите на рускиот електорат.

    Според РИА Новости, истиот процент од 87,97 отсто на освоени гласови го утврдила и Централната изборна комисија по преброени 24,4 отсто од гласачите ливчиња. Конечните резултати треба да бидат објавени до 28 март.

    Николај Харитонов од Комунистичката партија има 3,8 отсто од гласовите, Владислав Даванков д партијата „Нови луѓе“ 3,73, а Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија 2,96 отсто.

    Вкупната излезност на претседателските избори во Русија е 74,22%. Одѕивот на гласачите во Москва бил околу 66 отсто. Од 110 милиони руски граѓани со право на глас, осум милиони гласаа електронски. Во окупираните региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон можеа да гласаат 4,5 милииони луѓе. Се гласаше и на Крим кој е окупиран од 2014 година.

     

     

    Украина го оцени гласањето на окупираните територии како кршење на меѓународното право, и го повика светот да не ги признава изборните резултати. Изборите во анектираните украински делови ги осудија и генералниот секретар на ОН Антони Гутереш и повеќе западни државници.

    Претседателските избори ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет меѓународни организации, а акредитирани се повеќе од 200 парламентарни набљудувачи и неколку десетици експерти за изборниот процес.

    Најмалку 74 лица се уапсени во Русија поради учество во протестни акции за време на претседателските избори на кои се очекува победа на Владимир Путин, објави невладината организација ОВД-Инфо.

    Многумина од уапсените пристигнаа на гласачките места точно напладне како дел од протестот „Пладне против Путин“ чија цел беше да се изрази противење на начинот на кој се спроведуваат изборите.

    Јулија Навални, вдовицата на опозицискиот лидер Алексеј Навални гласаше во руската амбасада во Берлин на претседателските избори откако чекаше во ред неколку часа.

    Додека си заминувала, на новинарите им кажала дека на гласачкото ливче напишала „Наваљни“. Нејзиниот сопруг почина во казнена колонија на Арктикот минатиот месец и му е забрането да се кандидира на овие избори, како и на претседателските избори пред шест години.

    – Не може еден месец пред изборите, за време на кампањата, да биде убиен главниот противник на Путин, кој веќе беше во затвор – рече таа.

    Таа ја поддржа кампањата за учество на руските гласачи во протестната акција „Пладне против Путин“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img