More

    Избегнувајте дехидрација на плажа со избегнување на овие четири намирници

    spot_img

    Многу луѓе, во обид максимално да го искористат денот, со себе носат одредена закуска на плажа. Сепак, постојат намирници кои треба да се избегнуваат и не само затоа што ризикувате да ги расипете.

    Најлошата храна што треба да се донесе на плажа е храната што ја дехидрира. Кога поголемиот дел од денот го поминувате на сонце, последното нешто што сакате да го направите е да промовирате дехидрација. Тоа се случува кога вашето тело исфрла повеќе течност отколку што има внатре, а недостатокот на вода или други течности во телото може да го наруши нормалното функционирање на телото. Во продолжение дознајте кои намирници треба да ги избегнувате како ужина кога одите на плажа.
    Сувомесни производи
    Месните производи, како што е саламата, се познати по тоа што се богати со натриум, што може да предизвика дехидрација. Наместо тоа, одлучете се за вегетански сендвич кој ќе го одржи нивото на натриум ниско. Можете дури и да додадете малку хумус, кој покрај тоа што има малку натриум, ја зголемува количината на протеини во вашиот оброк.

    Чипс
    Солените грицки како чипс се секако одлични за спречување на гладот, но ако барате решение за хидратација, треба да побарате на друго место. На пример, овошјето може да биде идеална опција за на плажа, а освен што со него ќе го „излаже стомакот“, ќе ви помогне и да се освежите.

    Пржена храна
    И пржената храна е исто така богата со натриум, што може да предизвика чувство на дехидрираност. После таков оброк во лето, нивото на енергија ќе ви биде на неблагодарно ниво. Студијата спроведена од Nutrients истакнува дека храната богата со масти може да предизвика дневен замор и тромост, пишува Klix.ba.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img