Маж се заканувал дека ќе ги убие верниците во дворот на џамијата Бајракли во Белград во неделата, пишуваат српските медиуми. М.К.(48) извадил скалпел и се обидел да го повреди Н.Л.(40), а при нападот упатил грозоморни закани.
– Ми стави скалпел од 10 сантиметри под грло. Цело време ја пцуеше нашата мајка велејќи дека тој е од (израелската разузнавачка служба) МОСАД и дека ќе нѐ повреди. Успеав да возвратам за да не ме пресече – изјавил еден очевидец.
Полицијата го привела М.К. а одреден му е притвор од 48 часа. Тој имал околу два промили алкохол во крвта и е обвинет за поттикнување национална, расна, верска омраза и нетрпеливост.