На 7 април во организација на НУ Библиотека ,,Григор Прличев” во Охрид се одржа Регионалниот натпревар ,,Млади библиотекари.
На натпреварот беа поканети сите Основни општински училишта од Охрид и Дебрца а се натпреваруваа ученици и ментори од 6 училишта, со вкупно 13 ученици.
На 13 април беа објавени резултатите од натпреварот на кој Комисијата во состав: Никола Ристовски – претседател, Бети Лазеска – Симоноска и Христина Трпеска – членови соопшти дека најсолидни одговори на тестирањето покажала ученичката Ивона Куноска од ООУ,,Св.Наум Охридски”-Пештани. Таа освоила 84 од вкупно 100 поени. Наставник – ментор на ученичката е Емилија Митреска.
На сите натпреварувачи и ментори во знак на благодарност НУ Библиотека „Григор Прличев“ им додели благодарници и книги, а првонаградената Куноска на 10 мај ќе учествува на Државниот натпревар ,,Млади библиотекари”, кој ќе се одржи во Кочани.