More

    Ивановска: Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата го добија договорот на Владата со конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој е означен како строго доверлив, и веќе го анализираат

    spot_img

    Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата го добија договорот на Владата  со конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој е означен како строго доверлив, и веќе го анализираат, соопшти претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

    Според претседателката на Антикорупциска на предметот работи четворочлен тим, тој има приоритетен третман, но станува збор за обемна документација за чија анализа е потребно време. Обвинителите пак, од четврти мај го споредуваат договорот со сите јавни набавки поврзани со него, бидејќи прво ги добиле бројките од набавките, а сега и целиот договор.

    Од друга страна, министерот за економија Крешник Бектеши ги повика антикорупционерите и Обвинителството да бидат експедитивни и што е можно побрзо да излезат со своите наоди. Тој е уверен дека законите во Собрание ќе бидат изгласани, а реализацијата на проектот и изградбата на Коридорите 8 и 10д се „веќе завршена работа“.

    Додека се проверуваат обвинувањата за корупција, во Собранието продолжува расправата за законските измени. На комисијата за Европски прашања, пратениците го разгледаа Законот за експропријација. Опозицијата обвинува дека со законските измени, се изедначуваат легалните со дивоизградените објекти.

    На пленарна седница пак, пратениците ги разгледаа измените во Законот за урбанистичко планирање, но за него се јавија за збор 23 пратеници, со цел да се одолговлекува дебатата. По него, пратениците ќе ги разгледуваат измените во Законот за градење, кој вчера го помина комисискиот филтер на Европски прашања, каде сега остануваат уште само два од петте закони за градењето на Коридорите 8 и 10Д. Но, пратениците ќе ги гласаат законските измени дури откако за сите ќе помине главната расправа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img