Иванишевиќ влезе во војна со бившата сопруга, Хрватот ја тужи и ќерката!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ на Инстаграм се огласи за односите со претходната сопруга Татјана Драговиќ.

„Така, во мигот кога се осмелив да си ги побарам заработените пари пред и за време на бракот, коишто Т.Д. ги присвои и покрај сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите. Сега само ја чекам тужбата што треба да утврди дека предметната Т.Д. го освоила Вимблдон и 2 олимписки медали, а можеби и некој друг „грен слем“, но тоа допрва треба да го утврди судот“, напиша Иванишевиќ. Тој натаму ги наведе своите адвокати кои, како што вели, „долго време“ се занимавале со ова.

Претходно хрватските медиуми објавија дека Иванишевиќ ја тужел и својата ќерка Амбер и барал половина од стан што ѝ го дала мајка ѝ, тврдејќи дека тоа подарување на станот е „против моралот на хрватското општество“. Поранешниот спортист бара и веќе да не плаќа алиментација за неговата ќерка.

Според судските документи, тенисерот бара на Драговиќ да ѝ се одземе дел од имотот што правно ѝ припаѓа врз основа на нивните претходни договори, а исто така, и таа да врати фиктивен заем од 2,5 милиони евра.

Иако, наводно, тој не доставил никаков договор за заем до Судот, ниту некој убедлив документ што би го потврдил ова тврдење, судските власти, како што се тврди, ги блокирале сите сметки на Драговиќ и ѝ забраниле располагање со имотот, пишуваат хрватските медиуми.

Полицијата и Судот, според Драговиќ, ги игнорираат сведочењата за семејно насилство, па таа се сомнева во нивната пристрасност, пишува хрватскиот весник.

Горан ја запознал својата поранешна сопруга во 1998 година. Татјана, тогаш супермоделка, имала 18, а тој 25 години. Во 2004 година ја добија ќерката Амбер Марија, а по три години и синот Емануел. По бројни семејни перипетии, Горан и Татјана се разведоа во 2013 година.

Тој денес е оженет со радиоводителката Нивес Иванишевиќ (порано Чановиќ). Таа го поддржува и смета оти „правдата е бавна, но достижна“, како што напиша во една прилика.

Share This Article