Новак Ѓоковиќ е генијалец и тој е дел од оние луѓе коишто имаат специјален софтвер во главата. Вака, Горан Иванишевиќ, кој е личен тренер на најдобриот тенисер на светот, одговори на прашањето „што е тоа што го научил од Ноле во изминатите неколку години“.
– Тој е роден победник. Тој и кога имал само 3 години зборувал дека ќе биде најдобриот тенисер на светот. Многу работи можат да се научат од Новак. Тој е посебен човек, а најмногу ми се допаѓа тоа што постојано се држи до своите ставови. Едноставно, тој не сакаше да се вакцинира дури и по цена да ја уништи својата кариера – рече Иванишевиќ.
Тренерот се осврна и на една смешна анегдота, односно несреќа што му се случила во Белград заедно со Новак Ѓоковиќ.
– Дојдовме со Новак во Белград и присуствувавме на одлична претстава. Во Ателје 212 беше феноменално, дечките направија спектакл. Уживав, но поради тоа што постојано ставувавме, мене ми пукнале панталоните и ми се открил половина од задникот. А јас тој момент не сум го забележал, но затоа го забелеал Ноле. Тој едноставно си стои покрај мене и ништо не зборува. Еден човек на крајот на претставата ми кажа дека ми пукнале панталоните. А Ноле ми вели: „Видов и јас, ама сакав малку да те зафркавам“ – раскажа Иванишевиќ.