More

    Ивана и Доналд Трамп беа во брак 15 години – Се разведоа поради неговите неверства

    spot_img

    На 74-годишна возраст почина Ивана Трамп. Таа беше првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

    Тие се запознале во 1976 година кога Ивана била во посета на Њујорк на модна ревија и еден ден отишла на горната источна страна да јадат нешто во еден познат ресторан. Тогаш Доналд ѝ пришол.

    „Јас сум Доналд Трамп и гледам дека бараш маса. Можам да ви помогнам“, ѝ рекол тогаш, пренесува „Њујокр пост“.

    „Добрата вест е што многу брзо ќе добиеме маса. Лошата вест е што овој човек ќе седи со нас“, рекла тогаш Ивана. Доналд го изел оброкот со младите дами, а потоа почекал Ивана надвор. Тие почнаа да излегуваат речиси веднаш и се венчале за помалку од една година подоцна. Во бракот, Ивана и Доналд имаа три деца заедно – Доналд помладиот, ќерката Иванка и синот Ерик.

    Ивана поднела барање за развод во 1991 година кога дознала дека Доналд има вонбрачна врска со американската актерка Марла Мејплс, со која поранешниот американски претседател на крајот се оженил само една година по финализирањето на неговиот развод со Ивана во 1992 година. Со Марла, Доналд добил ќерка, Тифани.

    Ивана и Трамп беа една од најмоќните парови на високото њујоршко општество, а Доналд целосно ѝ веруваше на својата сопруга. Ивана имаше поголема улога во градењето на империјата на семејниот бизнис отколку што всушност јавноста е свесна. Доналд многу ја ценел Ивана, а по разводот останале во добри односи.

    Таа со години работеше во бизнис-империјата на Трамп како висока извршна директорка. Таа беше извршна директорка на замокот Трамп во Атлантик Сити и работеше на дизајнерка на ентериер за хотелот Гранд Хајат и кулата Трамп.

    Пред Доналд, Ивана била во брак со Алфред Винклмајр. По разводот со Доналд, таа се омажи уште два пати.

    Потсетуваме дека на 74-годишна возраст почина Ивана Трамп, претприемач и моден дизајнер. Веста ја објави Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social. Тој ја нарече поранешната сопруга „прекрасна, убава и неверојатна жена која водеше одличен инспиративен живот“.

    „Нејзината гордост беа нејзините три деца. Таа беше многу горда на нив, како што сите бевме горди на неа. Почивај во мир Ивана!“; се вели во соопштението на Трамп.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img