More

    Итно обраќање на Зеленски по рускиот напад на трговскиот центар во Харков

    spot_img

    Најмалку две лица загинаа, а 33 се повредени во руски напад врз трговски центар во Харков, пренесува „Киев Индипендент“.

    Украинскиот претседател Владимир Зеленски објави дека руските сили успеале да напредуваат дури 10 километри во регионот, но ги запрела првата линија на одбраната.

    – Денешните руски удари врз Харков се уште еден пример за руско лудило – не постои друг начин да се опише ова. Само луди луѓе како Путин се способни да убиваат и тероризираат луѓе на таков грозоморен начин – вели Зеленски во видеото објавено на Твитер.

     

    – Кога на светските лидери им кажуваме дека на Украина и е потребна соодветна заштита од противвоздушна одбрана, дека е потребна вистинска решителност за да се обезбеди ефикасна заштита на животите на нашиот народ и дека руските терористи не можат ниту да се приближат до нашите граници, ние буквално зборуваме како да не се дозволат такви терористички акти. Им благодарам на сите лидери кои навистина нè слушаат и разбираат дека секоја одлука за поддршка на Украина е за заштита и за спасување животи – истакнува Зеленски.

    Украинскиот лидер изјави и дека руските воздухопловни единици ќе бидат поразени на ист начин како и Црноморската флота, доколку Украинците имаат посоодветни и модерни системи за противвоздушна одбрана и авијација.

    – Рускиот терор едноставно би бил невозможен. Соборувањето руски борбени авиони, проектили и беспилотни летала е вистинско одржување на мирот – заклучи Владимир Зеленски во итно обраќање.

    Русија на 10 мај започна нова офанзива на северот од регионот Харков и според тогашните извештаи Русија испратила уште 30.000 војници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img