Италијанските клубови продолжуваат со одлични резултати сезонава во европските купови. Дури пет клуба од Серија А се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Од 12-те полуфиналисти, дури пет се од Италија. Интер и Милан победија во полуфиналето на Лигата на шампионите, Рома и Јувентус се пласираа во полуфиналето на Лигата на Европа, а Фиорентина се пласираше меѓу четирите најдобри клубови во Конференциската лига.
Оваа сезона Италија имаше уште два претставника во Европа. Наполи беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Милан, додека Лацио европското патување го заврши во осминафиналето на Конференциската лига, губејќи од холандскиот АЗ Алкмар.
Последниот италијански клуб кој освоил еден од европските купови е Рома, која минатата година го освои првото издание на Конференциската лига. Пред тоа, Интер ја освои Лигата на шампионите во 2010 година.
Да додадеме дека последен пат победниците на Лигата на шампионите и Лигата на Европа беа од иста земја во 2019 година, кога најпрестижното европско натпреварување го освои Ливерпул, а Лигата на Европа Челзи.
Италијанците сигурно ќе имаат претставник во финалето на Лигата на шампионите бидејќи играат Милан и Интер. Јувентус во полуфиналето на Лига Европа ќе игра против Севиља, додека Баер Леверкузен ја чека Рома. Фиорентина преку Базел ќе го бара финалето од Конференциската лига.
По Италија, Англија и Шпанија имаат најмногу претставници во полуфиналето со по два клуба. Боите на „островците“ ги бранат Манчестер Сити и Вест Хем, а во полуфиналето од Шпанија се Реал Мадрид и Севиља.
Швајцарија (Базел), Холандија (Аз Алкмар) и Германија (Баер Леверкузен) имаат по еден тим.
Учесници во полуфиналето по земја:
ИТАЛИЈА: Интер (ЛП), Рома, Јувентус (ЕЛ), Фиорентина (КЛ)
ШПАНИЈА: Реал Мадрид (ЛП), Севиља (ЕЛ)
АНГЛИЈА: Манчестер Сити (ЛП), Вест Хем (КЛ)
ГЕРМАНИЈА: Баер Леверкузен (ЕЛ)
ХОЛАНДИЈА: АЗ Алкмар (КЛ)
ШВАЈЦАРИЈА: Базел (КЛ)