More

    Италијанскиот тенисер со победа може да заработи 4,8 милиони долари

    spot_img

    Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, моментално четврти на АТП-листата денеска ќе играат за титула во финалето на завршниот АТП турнир во Торино. И двајцата тоа го заслужија минувајќи ја групата, а потоа Синер во полуфиналето го победи Даниил Медведев со 6:3, 6:7(4), 6:1, додека Ѓоковиќ беше подобар од Карлос Алкараз со 6:3, 6:2.

    Српскиот тенисер денеска ќе има шанса да го освои овој турнир по седми пат, со што би станал рекордер. Во моментов тој и Швајцарецот Роџер Федерер имаат по шест титули на завршниот турнир на најдобрите, додека пет пати најдобри беа Пит Сампрас и Иван Лендл.

    Ѓоковиќ немаше да биде ниту во финалето доколку Синер не го повлечеше таму со победа против Холгер Руне во последното коло од групната фаза. Финалето ќе биде нова тест за 22-годишниот Италијанец и 14-години постариот Србин на турнирот во Торино. Претходно во групата, Синер во маратонски меч го победи Ѓоковиќ со 7:5, 6:7(5), 7:6(2).Покрај славата што би го чекала со освојување на завршниот турнир, Синер поради се што направи во Торино, има шанса да ја освои и најголемата парична награда во историјата на тенисот. Младиот италијански тенисер би ја добил наградата како непоразен победник од групата во која ги победи Ѓоковиќ, Стефанос, Циципас и Руне, а потоа и Медведев во полуфиналето. Уште едно славје против Ѓоковиќ, перфектни 5-0 на турнирот и титулата, на Синер би му донеле 4,8 милиони долари.

    Синер доби 325.500 долари само за учество на турнирот и натпреварите по групи. Победа во секоја од нив му ја зголемила заработката за 390.000 долари, а победата во полуфиналето му донесе 1.105 милиони долари. Наградата за победникот во финалето е 2,201 милиони долари.

    Според оваа пресметка, Ѓоковиќ за освојување на турнирот би добил 390.000 долари помалку, а вкупната награда за него би била 4,41 милиони долари. Причината е еден пораз во групната фаза на турнирот.

    Финалето меѓу Ѓоковиќ и Синер за титулата на завршниот турнир во Торино се игра денеска од 18:00 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img