Италијанскиот пејач Дамиано Дaвид (24) често ја изненадува публиката со разголени и екстравагантни фотографии, а со својата најнова објава шокираше и ги подели мислењата.
Фронтменот на групата „Манескин“, кој се прослави по победата на Евровизија 2021 година, се сликаше целосно гол со џоинт во устата, а интимните делови од телото ги покри само со црн емотикон на срце.
На фотографијата ги покажа своите многубројни тетоважи, но и новата фризура – од црнокос реши повторно да стане русокос.
„Турнејата заврши, значи цел ден ќе бидам гол и ќе пушам џоинт“, напиша Дамијано покрај објавата.
Коментарите на неговите следбеници беа поделени. Бидејќи овој млад пејач стана миленик на женската публика и по Евровизија, имаше и воодушевени дами.
Сепак, некои сметаат дека Дамиано отишол предалеку и дека ваквиот тип на содржина не испраќа позитивна порака до младите. Секако, објавата на Инстаграм предизвика лавина од коментари, а неговите многубројни следбеници не се двоумеле да го критикуваат.
„Зошто оваа опсесија со голотија станува здодевна?“, прашала една негова обожавателка.
„Ова е уметност“, „Те следи помлада публика, треба да бидеш одговорен и да не даваш такви примери“, „Ужас како се однесуваат идолите на нашите деца“, се само дел од незадоволните коментари под фотографиите.
ФОТО: Инстаграм