Повеќе од 1.000 мигранти беа донесени на брегот на јужна Италија во саботата, откако крајбрежната стража започна повеќе спасувачки операции во кои беа вклучени три чамци со мигранти во немирните води во близина на брегот на Калабрија.Брод на италијанската крајбрежна стража превезе 584 луѓе во крајбрежниот град Реџо Калабрија, додека друг брод на крајбрежната стража придружуваше пренатрупан рибарски брод со 487 мигранти до пристаништето Кротоне.
Околу 200 мигранти потоа беа спасени во близина на Сицилија и ќе бидат транспортирани во Катанија во текот на денот.
Од средата во Италија се спасени над 4.000 мигранти, додека лани во текот на целиот месец март биле спасени 1.300 мигранти.
Дури 1.869 мигранти пристигнаа само на Лампедуза со 41-от брод во четвртокот, објави новинската агенција АНСА, коментирајќи дека ова е рекорден број на мигранти кои слетале за еден ден.
Италијанците не успеваат да го спречат приливот на мигранти
Италијанската влада и покрај ветувањата не успева да го запре приливот на мигранти, а само во петокот осум бродови тргнаа во спасувачки операции.
Во саботата беше пронајдено телото на девојката од бродската несреќа на 26 февруари кај Калабрија, па бројот на загинатите се искачи на 74, а многу мигранти се уште се водат за исчезнати.
Државното обвинителство истражува дали надлежните направиле се за да се спречи катастрофата.
Премиерката Џорџија Мелони ги отфрла сите обвинувања и го вперува прстот на вината кон шверцерите на луѓе.
Нејзината влада во четвртокот се закани со построги затворски казни за шверцерите на мигранти и вети дека ќе ги спречи и запре нивните нелегални префрлања со бродови додека ќе ги отвори легалните миграциски канали.
Мелони ги нарече чамците на невладините здруженија такси служба за превоз на мигранти.
Од почетокот на оваа година во Италија влегле околу 17.000 мигранти, за разлика од 6.000 во истиот период лани.