За да ја поддржи побарувачката за интерконтинентално поврзување и растечката дигитализација на балканската област, италијанската комуникациска компанија „Sparkle“ го започна проектот GreenMed за развој на нов подморски кабелски систем преку Јадранското Море.
Планирано е проектот да воспостави коридор за оптичка инфраструктура, поттикнувајќи ја поврзаноста низ Централна Европа, Балканот и земјите од Централниот и Источниот Медитеран.
Почнувајќи од италијанското јадранско крајбрежје, по копно ќе оди до Милано, а потоа до другите големи европски интернет и облак хабови, поврзувајќи ги Хрватска, Црна Гора, Албанија, Грција и Турција.
Целта на проектот, како што информираа од компанијата, е да придонесе за силниот раст на балканскиот дигитален пазар, кој се предвидува да расте годишно за околу 25% до 2029 година.
– Тоа ќе се постигне со обезбедување безбедна и разновидна рута со постојната инфраструктура – велат од италијанската компанија.