Италија со 950 милиони евра го поттикнува купувањето „почисти“ возила

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Италија годинава ќе обезбеди 950 милиони евра стимулации за граѓаните за купување „почисти“ автомобили со цел да го заживее производството во автомобилскиот сектор преку поддршка на побарувачката. Влдата ќе обезбеди до 13.750 евра субвенции за граѓаните со најниски примања за да им помогне да купат ново, целосно електрично возило по цена до 35.000 евра без ДДВ, соопшти Министерството за индустрија.

Истата група граѓани ќе има право на стимулација до 10.000 евра за нов плаг-ин хибрид кој чини до 45.000 евра.

Владата ќе даде стимулации и за набавка на најсовремени возила со мотори со внатрешно согорување, но тие ќе бидат помали.

Досега граѓаните за набавка на електрични возила можеа да сметаат само на најмногу 5.000 евра.

Стимулациите се дел од програмата за помош на автомобилската индустрија која Владата ја најави во 2022 година. Вкупната вредност на мерките е 8 милијарди евра.

Share This Article