Италија конфискуваше 780 милиони евра од Airbnb!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Италијански судија нареди заплена на 779,5 милиони евра од европската филијала на Airbnb и тројца поранешни функционери на компанијата во истрагата за можно даночно затајување, објави државното обвинителство на Милано.

Државните обвинители се сомневаат дека Airbnb не им наплатила данок од 21 отсто од изнајмувачите на сместување и не им ги вратила сумите на италијанските даночни власти, како што налага законот од 2017 година, се вели во соопштението објавено во понеделникот.

Се сомнева дека Airbnb не ги платил даночните обврски од 2017 до 2021 година, а под истрага се три лица кои во тој период извршувале менаџерски позиции во компанијата, се наведува.

„Airbnb Ireland е во активни дискусии со италијанските даночни власти од јуни 2023 година за да се реши ова прашање“, изјави портпаролот на компанијата за Ројтерс.

Компанијата е „изненадена и разочарана“ од одлуката за заплена, додаде тој, тврдејќи дека тие работеле во согласност со законот.

Aibnb се обиде да го оспори италијанскиот закон од 2017 година пред Европскиот суд на правдата, кој пресуди во корист на италијанската влада.

Владата на премиерот Џорџија Мелони планира да ја заостри наплатата на даноците за краткорочно изнајмување имоти и најавува зголемување на даночната стапка од 21 на 26 отсто за станоиздавачите кои нудат повеќе имоти на пазарот.

Share This Article