Италија е подготвена да ги евакуира своите државјани од Нигер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Nigerien security forces launch tear gas to disperse pro-junta demonstrators gathered outside the French embassy, in Niamey, the capital city of Niger July 30, 2023. REUTERS/Souleymane Ag Anara NO RESALES. NO ARCHIVES/File Photo

Италија објави дека е подготвена да ги евакуира со авион своите граѓани кои сакаат да го напуштат Нигер, по минатонеделниот пуч.

Германија денеска им препорача на своите граѓани во Нигер да ја прифатат понудата на Франција да ги евакуираат со авиони изнајмени за превоз на француски државјани.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани на социјалната мрежа „Х“ (до неодамна Твитер) напиша дека италијанската влада одлучила на своите граѓани во Ниамеј да им понуди можност да го напуштат градот со специјален лет за Италија.

Тој рече дека италијанската амбасада во Ниамеј ќе работи да придонесе во тековните операции за посредување.

Италијанското Министерство соопшти дека не станува збор за „евакуација“ туку за специјален лет за оние кои сакаат да ја напуштат земјата.

Во главниот град на Нигер има околу 90 Италијанци, а во целата земја вкупно 500, од ​​кои повеќето се војници.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека има помалку од 100 германски државјани кои не работат ниту во Амбасадата ниту во Армијата. Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека германската амбасада во Нијамеј ќе продолжи да работи.

Со државен удар предводен од генералот Абдурахман Тијани минатата недела беше соборен избраниот претседател Мохамед Базум.

Интересите на Франција, поранешна колонијална сила во регионот која го поддржува претседателот Базум, се чини дека се главната цел на војниците кои го соборија претседателот.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article