More

    Истрелани се 70 проектили од Либан за неколку минути

    spot_img

    Израелската армија (ИДФ) соопшти дека денеска претпладне од Либан за неколку минути биле лансирани околу 70 проектили кон Израел.

    ИДФ на платформата Икс објави дека израелскиот противвоздушен систем пресретнал дел од проектилите истрелани од Либан.

    „По сирените што се огласија од 11:09 до 11:12 часот во подрачјата на Западна Галилеја и Горна Галилеја, околу 70 проектили се идентификувани како преминуваат од Либан“, соопшти ИДФ.

    Претходно, ИДФ соопшти дека утрово израелските воени авиони го нападнале седиштето на разузнавачката служба на Хезболах во Либан и подземна работилница за оружје во Бејрут.

    ИДФ соопшти и дека при воздушниот напад врз подрачјето Тебине убиен е висок командант на јужниот фронт на Хезболах, Ал-Хај Абас Салма. Според ИДФ, Салма ги надгледувал борбите во подрачјето Бинт Јбеила и извршил голем број напади врз Израел.

    „Елиминирани се терористите, експертот за комуникации на Хезболах, Рада Абас Авада, и шефот на единицата за производство на оружје, Ахмад Али Хусеин“, се наведува во соопштението на ИДФ.

    Хезболах сè уште не ги коментирал наводите на ИДФ.

    Претходно, ИДФ соопшти дека во изминатите 24 часа убила повеќе од 65 борци на Хезболах во јужен Либан. Израелската војска тврди дека мета на нападите биле околу 175 локации во Либан и во Појасот Газа, вклучително и лансерите на ракети и воените објекти на Хезболах.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img