Истрелаа ракети во морето кај Северна Кореја

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јужна Кореја и САД утрово истрелаа четири проектили во Жолтото море близу Северна Кореја како одговор на вчерашниот ракетен тест на Пјонгјанг. Претходно сојузниците организираа вежба за бомбардирање. Јужнокорејската војска одделно потврди дека една од нејзините ракети Hyunmoo-2C откажала набргу по лансирањето и паднала за време на вежбата, но дека никој не бил повреден. Од американската команда не дале коментар за Ројтерс.

Лансирањето можете да го погледнете на следниот линк.

Снимката споделена на социјалните мрежи од блискиот жител и потврдена од Ројтерс покажува чад и пламен што се издига од воената база. Пожарот бил предизвикан од запалено ракетно гориво и иако проектилот имал боева глава, таа не експлодирала, соопшти војската на Јужна Кореја.

 

 

Меѓутоа, Hyunmoo-2C е една од најновите ракети на Југот, а аналитичарите велат дека нејзината способност како прецизен „бункер разбивач“ ја прави клучен дел од плановите на Сеул за удар на северот во случај на конфликт.

Огнениот неуспех се закани да ги засени напорите на Сеул да покаже воена моќ наспроти зголемените способности на Северна Кореја.

Не е реткост воениот хардвер да откажува. Од другата страна, Северна Кореја претрпе неколку неуспешни ракетни лансирања оваа година.

Северна Кореја вчера истрела ракета која прелета над Јапонија и ги исплаши жителите. Прелетот ги вклучи алармите и ги вивна јапонските авиони Ф15 во небото. Советот за национална безбедност на Белата куќа го нарече најновиот тест на Северна Кореја „опасен и непромислен“.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол, вети дека прелетувањето на Јапонија ќе донесе решителен одговор од неговата земја, нејзините сојузници и меѓународната заедница.

Советот за безбедност на Обединетите Нации ќе се состане во среда за да разговара за Северна Кореја на барање на Соединетите Држави и покрај тоа што Кина и Русија им кажаа на колегите од Советот дека се против отворен состанок на 15-членото тело.

Share This Article