XDI, австралиска компанија за проценка на климатскиот ризик, која работи за инвеститори или финансиски аналитичари, прегледа повеќе од 2.600 територии ширум светот.
Според класификацијата на компанијата, најпогодени се три земји – САД, Кина и Индија.
„Тоа се во суштина мотори на светската економија, каде што е концентрирана голема инфраструктура“, изјави за новинарите претставникот на компанијата Карл Малон (Малон).
Најизложени се некои кинески провинции како Џиангсу, Шандонг и Хебеи, во САД тоа се Флорида, Калифорнија и Тексас. Загрозени се и областите во Индија, Индонезија и Бразил.
Во Европа, германската Долна Саксонија и францускиот регион О-де-Франс се изложени на најголем ризик.
XDI се фокусираше на ризикот за зградите од неколку последици од глобалното затоплување, како што се поплави на реки и површини, поплави на крајбрежјето, екстремни горештини, шумски пожари, лизгање на земјиштето (поврзани со суша), екстремни ветрови и феномени на замрзнување и одмрзнување.
„Ние ја објавивме анализата како одговор на барањата на инвеститорите на кои им се потребни регионални податоци за потенцијалните ризици“, велат од компанијата.
„Бидејќи изградената инфраструктура обично се преклопува со високите нивоа на економска активност и капиталните вредности, императив е физичкиот ризик поврзан со климатските промени да биде подобро разбран и проценет“, се додава во истражувањето.
Авторите нагласија дека извештајот треба да ги поттикне земјите да испуштаат помалку стакленички гасови со цел да се ограничи глобалното затоплување и да се избегнат последиците.