More

    Истражување: Кошмари во средни години – деменција во старост

    spot_img

    Лошите соништа или кошмари кај средовечните луѓе се поврзани со поголем ризик од деменција, покажа истражувањето на Центарот за здравје на човечкиот мозок на Универзитетот во Бирмингем, пишува „Дејли мејл“.

    Луѓето кои често сонуваат лоши соништа во средната возраст имаат поголема веројатност да развијат деменција подоцна во животот.

    Студијата покажа дека лошите соништа можат да станат почести години или дури децении пред да се појават проблеми со размислувањето или меморијата.

    И една претходна студија со луѓе кои страдаат од Паркинсонова болест ја нагласува врската помеѓу постојаните стресни соништа и побрзата стапка на когнитивно опаѓање.

    Д-р Абидеми Отаику, од Центарот за здравје на човечкиот мозок на Универзитетот во Бирмингем, рече дека тоа е првпат стресните соништа или кошмарите да се поврзат со ризикот од деменција подоцна во животот и когнитивното опаѓање кај здравите возрасни лица во општата популација.

    „Ова е многу важно бидејќи има многу малку показатели за ризик за деменција што може да се идентификуваат во средната возраст“, ​​рече тој.

    Отаику додаде дека кошмарите можат да бидат корисен начин за идентификување на лица кои се изложени на ризик од можна деменција, така што може да се развијат стратегии за забавување на прогресијата на болеста.

    Истражувањето покажа дека луѓето на возраст од 35 до 64 години кои имале кошмари на неделно ниво биле четири пати повеќе изложени на ризик од когнитивно опаѓање во следната деценија, а постарите лица имале двојно зголемен ризик од деменција.

    Исто така, оваа врска е многу посилна кај мажите отколку кај жените.

    Отаику нагласи дека се потребни повеќе истражувања, вклучително и дали кошмарите меѓу младите луѓе може да се поврзани со поголем ризик од деменција.

    Исто така, одредени индиции може да се толкуваат како корисни, односно колку луѓето се сеќаваат што сонувале и колку живописно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img