More

    Истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар

    spot_img

    Истражувачите откриле дека колку повеќе проблеми со спиењето има човекот, толку е поголема опасноста од мозочен удар, пишува „Си-ен-ен“.

    Шмркањето со носот, ‘рчењето, превртувањето в кревет, долгите дремки дење, будењето ноќе, или пак, премалку или дури и премногу сон, освен што придонесуваат за слаб квалитет на спиењето, исто така ја зголемуваат и опасноста од мозочен удар.

    Авторката на новиот научен труд, Кристин Мекарти од Универзитетот на Галвеј во Ирска, смета дека овие симптоми може да доведат и до пет пати поголем ризик од мозочен удар.

    Д-р. Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и медицина на спиењето при Северозападниот Универзитет, смета дека лошиот сон има негативно влијание врз здравјето.

    – Лошиот сон може да го наруши природното намалување на крвниот притисок што се случува за време на ноќниот сон и да придонесе за хипертензија, што е важен фактор на ризик за мозочен удар и кардиоваскуларни болести. А, и други истражувања врз дел од населението посочија слични врски меѓу нарушувањето на сонот и заболувањата како што се дијабетес, срцеви заболувања и деменција – вели таа.

    Написот во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), анализира податоци од над 4.500 луѓе.

    Резултатите важат и по исклучувањето други проблеми коишто може да доведат до мозочен удар – депресија, злоупотреба на алкохол, пушење и недостаток на физичка активност.

    Апнеа е состојба при спиење во која луѓето престануваат да дишат неколкупати на час. Тоа е поврзано со трикратно зголемување на опасноста од мозочен удар, се вели во истражувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img